Република Северна Македонија


Министерство за
транспорт и врски

  • Насловна
  • Министерство
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Воздухопловство
      • Европска унија
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
  • Огласна табла
    • OPEN PROCEDURE FOR AWARDING AN AGREEMENT ON PUBLIC PROCUREMENT
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
    • Регистри
  • Формулари
    • Градежно земјиште - формулари
    • Патен сообраќај - формулари
    • Лиценци за градење и просторно и урбанистичко уредување
  • Контакт
Сугарески: Ресорот “Транспорт и врски” има одлична динамика на реализација на капиталните инвестиции
27.06.2019

Примарен фокус ставаме на реализација на капиталните инвестиции. Заклучно со овој месец или втор квартал имаме силна реализација на капиталните инвестиции во ресорот “Транспорт и врски”, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешниот увид во градежните работи на санација на два мостови на регионалниот пат Неготино-Лакавица.

Тој потенцираше дека вториот квартал има одлична динамика на реализација на проектите што ги работи Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта.

“Во однос на проектот за гасификација со месец јуни ќе имаме околу 50 проценти реализација. Очекувам дека ќе надминеме 100 проценти и ќе ги искористиме 1 милијарда и 500 милиони денари предвидени за оваа намена.

Во делот на патиштата се работи со силно темпо насекаде низ државата. Само во моментов се работи на изградба и реконструкција на преку четириесет патишта со што имаме преку 30 % реализација во овој дел, кој пак морам повторно да потенцирам дека овие проекти на ЈПДП не влегуваат во капиталните инвестиции од државниот буџет. Во делот на канализации и водоводи, на терен се работи во 28 општини или на преку 180 километри комунална мрежа. Изградбата на Железницата кон Бугарија оваа година забрзано почна да се гради и очекуваме дека и тука ќе имаме голем процент на реализација. Исто така искористени се и сите средства  кои беа наменети за станбена изградба”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Овие бројки подразбираат дека ресорот “транспорт” има одлична динамика на работа на терен, очекувам дека ваквото темпо на работа ќе продолжи и во третиот квартал со што ќе имаме сериозно добри бројки во нашиот ресор, потенцiраше министерот Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека периодот Јануари - Јуни 2019 година, споредено со истиот период 2018 година, ЈП за државни патишта има зголемување од преку 30 проценти реализација на инвестициите.  

“Градиме четири нови мостови и реконструираме преку десетина. Овие два што се санираат во Неготино се од огромно значење за жителите. Децении наназад не се санирани а Ние отпочнавме проект вреден 2,2 милиони евра со што темелно ќе извршиме реконструкција и ќе го подигнеме нивото, бидејќи ниското ниво на едниот мост прави проблем на Желеницата. Очекувам двата моста да се санираат во рамки на предвидените рокови. Дополнително работиме преку четириесетина патишта што е историски најмногу, а морам да потенцирам и дека во никој случај ЈП не доцни со исплата на фактурите кон сите градежни компании”, изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

Министерот Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Китанов, истакнаа дека трет и четврт квартал ќе има уште подобра реализација на капиталните инвестиции, бидејќи очекуваат дополнителни работи на терен.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Twitter

Youtube