Заменик министерот Реџепи на средба со унгарскиот амбасадор
30.10.2020
Ве информираме дека заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија во Република Северна Македонија, Ласло Дукс.
На средбата заменик министерот Реџепи информираше за капиталните проекти што ги реализира Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски.
Заменик министерот се осврна на изградба и реконструкција на патната мрежа во Република Северна Македонија, а исто така го запозна амбасадорот и со проектите во делот на железничката инфраструктура на Коридор 8 како и со процесот на гасификацијата на земјата.
„ Ми беше драго што остварив средба со амбасадорот на Унгарија. Унгарија е наш долгогодишен партнер и во таа насока ќе продолжиме да ги градиме билатералните односи. Ја искористив средбата да го запознам Амбасадорот со инфраструктурните проекти како дел од Владината програма 2020-2024 година, како и нивното значење за целиот регион”, изјави заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи.
Заменик министерот Реџепи изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во понатамошниот период.