Заменик министерот Реџепи најави реконструкција на цевководот во н.м. Долно Палчиште, општина Боговиње
31.03.2022
Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи денеска оствари работна средба со градоначалникот на општина Боговиње, Бесник Емшиу.
На средбата, двајцата разговараа за инфраструктурните проекти што ги реализира општината со поддршка на централната власт.
Во продолжение интегрална изјава на заменик министерот Беким Реџепи:
"Денеска сме во општина Боговиње да им пренесеме убава вест на жителите од н.м. Долно Палчиште.
Ги информирав жителите и градоначалнкот дека проектот за реконструкција на водоводниот цевковод во н.м. Долно Палчиште е одобрен од Европската инвестициска банка, и истиот ќе го реализираме во соработка со општината.
Вредноста на проектот е 16.4 милион денари, а ќе се реконструира цтариот водоводен систем со должина од 3.5 км.
Следниот месец очекувам да се распише и тендерот за реконструкција и со изборот на изведувач веднаш да почнеме со градежните работи на терен.
Верувам дека со овој проект ќе го подобриме капацитеот на водоснабдувањето во ова населено место а со тоа ќе ги подобриме и условите за живеење на жителите.
Друга работа што сакам да потенцирам е дека преку МТВрски, на општината Боговиње и се определени 721 илјада евра за изградба и реконструкција на локални улици и патишта
Во овој момент се врши подготовка на документацијата за 3 проекти меѓу кои:
- Реконструкција на пат во населба Палчишта
- Реконструкција на локален пат Пирок - Градец
- Реконструкција на локален пат Боговина – Седларца
Со градоначалникот г. Бесник Емшиу докажуваме дека соработката помеѓу централната и локалната власт е исклучително важна, особено кога станува збор за подобрување на условите за живот на сите граѓани"