Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, денеска оствари работна средба со Александрс Антоновс, експерт за функционална анализа и државна реорганизација.
23.11.2020
На средбата се разговараше за реорганизација на јавната администрација, со цел постигнување на реформирана и ефективна администрација.
На средбата беа презентирани примери за реорганизација во рамките на Министерството за транспорт и врски. Се разменија идеи и искуства поврзани за реорганизација на други државни органи.
Проектот за реформа во јавната администрација се спроведува со поддршка на ЕУ.