Асфалтирање на регионалниот пат Тетово - Брвеница - Гостивар
10.05.2016
Започна асфалтирањето на завршниот слој на регионалниот пат Тетово-
Брвеница- Гостивар. Денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и
директорот на ЈП за Државни патишта Александар Стојанов, извршија увид во
асфалтирањето на овој патен правец во должина од 16,7 километри.
Инвестицијата за реконструкција на овој регионален правец е 1,8
милиони евра.
-Денеска сме овде да извршиме увид во градежните работи,
согласно динамиката на асфалтирање очекувам дека ќе биде завршен според
договорот некаде август или септември. Ова е тоа што предходно го ветивме и
сега го реализираме, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
До сега се реализирани 80% од вкупните градежни работи.
Инензивно се работи на патот, дополнително на неколку места се изврши прошири
за да се зголеми безбедноста.
-Моментално го работиме овој патен правец, предхоно го завршивме
Тетово – Пирок – Гостивар и уште пет локални патишта чија вкупна инвестиција
изнесува околу 27 милиони денари, изјави Александар Стојанов, директор на ЈП за
Државни патишта.
Тој додаде дека во овој регион се изврши и проширување на
неколку моста и се заврши едниот дел од клучката Брценица.