Автопатот Демир Капија - Смоквица готов во мај следната година
25.08.2016
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, придружувани од државниот секретар при министерството Божидар Петроски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, остварија увид во изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица. При посетата министерот Мисајловски информираше дека вкупниот прогрес на градежните работи изнесува околу 80%.
- Изградбата на автопатот тече континуирано, до крај на годината се очекува да бидат завршени градежните работи, а после нова година да започне електирификацијата, така да до мај ке имаме комппелтно нов автопат. Останува за десетина дена да биде поврзан уште еден мост и да ја имаме комплетирано цела траса, информираше министерот за транспорт и врски Мисајловски.
Министерот информираше дека во моментов се работи и на автопатската делница, Демир Капија-Смоквица, потоа на делницата од Куманово до Скопје, во месец септември ќе се започне и со реконструкција на најоштетниот дел на делницата Неготино Демир Капија во должина од 8 километри во двата правци како и ште неколку други проекти кои граѓаните ги побарале а произлегле од средбите со нив.
Претходно како дел од работната посета во Валандово, се оставри средба со жителите на село Јосифово и село Башибос каде се разговараше за тековните проекти кои се реализираат во овој регион. Тие денеска присуствуваа и на камен темелник на изградба на рудраскиот комплек Казан дол во Вланадово, инвестиција од 35 милиони евра.