Заврши реконструкцијаta на регионалнинот пат од Делчево до
планината Голак. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот
на ЈП за Државни патишта Александар Стојанов денеска го посетија овој
регионален пат кој води до турустучкото место Голак.
Комплетно
е завршено асфалтирањето во должина од
околу 12 километри, останува да се постават уште заштитните огради за да може
да ја заокружиме комплетно целата реконструкција. Инвестиравме 1.33 милиони
евра со што ќе допринесеме за подобар развој на туризмот и повторно заживување
на Голак, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Со реконструкцијата успеаавме да го прошириме
овој пат се со цел да обезбедиме поквалитетен и побезбеден сообраќај, изјави
директорот на ЈП за Државни патишта Александар Стојанов.
Исто
така Стојанов истакна дека според договорот овој пат требало да се заврши за 12
месеци но успеале да го завршат за 9 месеци.
Како дел од денешната посета на делчевскиот регион
извршија и увид во рехабилитацијата на патот од Кочани до Делчево. Патот е со
должина од 30 километри, а инвестицијата за неговата реконструкција изнесува 6 милиони евра.
Овој
пат е доста значаен за жителите од овој дел на Македонија и всушност беше едно
од најголемите барања на жителите.
Според
надлежните рехабилитацијата се одвива според утврдената динамика и очекуваат да
се се заврши во определениот рок.