До крај на годинава ќе се заврши 50% од автопатот Кичево - Охрид
03.06.2016
Министерот за транспорт и врски
Владо Мисјаловски заедно со директорот на ЈП за државни патишта Александар
Стојанов извршија увид во изградбата на автопатот од Кичево до Охрид.
Денеска
сме во посета на кичевско – охридскиот регион каде извршивме увид во изградбата
на новиот автопат од Кичево до Охрид.
Ова е најголемата капитална инвестиција во последните неколку децении
што ја реализираме во Република Македонија вредна 374 милиони евра. Ова
практично е најголемиот автопат што до сега се гради во земјава. Она што до
сега го видов на терен и ме информираа е дека е до сега пробиени над 80 % од
трасата. Во
моментов се работи на пробивање на тунелот кај Пресека кој е најголем во
државата и е во должина од околу 2 км,
изјави министерот Мисајловски.
Интензивно
се работи на неколку локации истовремено, се со цел да се испочитува договорот
за изградба. Очекувам дека до крај на оваа година ќе бидат завршени 50% од
градежните работи, потенцираше министерот за транспорт и врски Владо
Мисајловски.
Договорот за изградба едо 2018 година, секогаш
постојат непредвидени работи во градежништвото, но ако динамиката на изградба
се одвива со ова темпо автопатот ќе биде завршен во предвидениот рок, рече
Мисајловски.
Мисајловски потенцираше дека покрај овој автопат истовремено се работи и на автопатот Миладиновци –
Штип како и на делницата Демир Капија – Смоквица, реконструкција на автопатските делници од Куманово до
Миладиновци и од Смоквица до Гевгелија или вкупна инвестиција од преку 800
милиони евра.
На оваа делница моментално работат
преку 1200 работници и над 550 градежни машини, што е најголема концентрација
на работна сила во изградбата на капиталните проекти, изјави директорот на ЈП
за државни патишта Александар Стојановски.
Тој додаде дека градежните работи на
автопатот се одвиваат според предвидената динамика. Исто така потенцираше дека
за време на летниот период ќе се постави дополнитлна патна сигнализација за да
се зголеми безбедноста во сообраќајот, особено во туристичката сезона кога
фреквенцијата на возила се зголемува.