Државниот секретар Божидар Петроски во работна посета на општина Илинден
28.07.2016
Државниот секретар при министертвото
за транспорт и врски, Божидар Петроски во присуство на градноачалникот на
општина Илинден Жика Стојановски и претседателот на ВМРП – ДПМНЕ Никола
Груевски го пуштија во употреба реконструираниот локален пат од Илинден до
Марино.
Патот е со вкупна дожина од 2.1
километри, а инвестицијата е вредна 22 милиони денари. Овој патен правец се
реконструираше во рамки на програмата за подобрување на локалната патна инфраструктура– изградба, реконструкција, санација и
рехабилитација на општинските улици и патишта, како и подобрување на
инфраструктурата во локалните економски зони и стопанските комплекси во Општина
Илинцен.
Покрај
новиот асфалт на оваа делница од патот изведена е атмосферска канализација за
прифаќање и одведување на атмосферските води, ископани се нови канали и
поставени цевкасти пропусти, а поставена е и хоризонтална и вертикална
сообраќајна сигнализација.Во
рамките на реализација на овој проект извршена е и санација на мостот што ја
поврзува улица „8“ со автопатот Скопје- Куманово и локалните економски зони.
При денешната посета Државниот
секретар заедно со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот на општина
Илинден остварија средба со жители од општината Илинден на која се разгледаа
барањата на месното население.
Во општина Илинден преку
министерството за транспорт и врски изграден е канализацион систем за прифаќање
и третман на отпадни води за населеното место Кадино, инвестиција во висина од
150 илјади евра.
Во рамки на посетата, Државниот
секретар присуствуваше на поставување на камен темелник на новата фабрика Г. Р.
А. Д Екологија во која ќе бидат вработени 40 лица.