Во мај 2014 година
започна изградбата на нов автопат во должина од 47 км на потегот од Миладиновци
до Штип. Проектиран буџет за овој проект е 206 милиони
евра, финансирани од кинеската ЕКСИМ банка и од буџет на ЈПДП. До сега пробиени
се 94% од трасата. Се работи на земјани
работи, пропусти, косини и асфалтирано е со прв слој од асфалт во должина од
околу 11км. Вкупниот прогрес на градежните работи
изнесува 39%. Се очекува автопатот да биде изграден на средината на 2017
година.