Ќе се гради нова модерна плажа во општина Дебарца. Министерот за трнаспорт
и врски Владо Мисајловски заедно со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола
Груевски при денешната посета на општина Дебарца најавија дека до крајот на
оваа или почетокот на идната година ќе започне со изградба новата плажа покрај
Охридското езеро.
Мисајловски заедно со Груевски и градоначалникот на општина Дебарца Игор Трајковски
ја посетија пешачката патека на брегот на Охридското езеро во близина на селото
Подмоље.
За изградба на патеката се
инвестирани 12 милиони денари или околу 200.000 евра.Според министерот за транспорти врски Мисајловски
плажата ќе биде изградена во продолжение од веке изградената патека и истата ќе
биде со пропратни содржини.