Министерот Мисајловски оствари средба со ново именуваните амбасадори на Франција и Унгарија
07.10.2016
Министерот
за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска оставри работна средба со
новоименуваниот амбасадор на Француската Република во Република
Македонија, Н.Е Кристиан Тимоние.
Министерот
Мисајловски му посака добредојде во Република Македонија ставајќи акцент за
поголема и поуспешна соработка помеѓу двете држави.
Исто
така министерот Мисајловски ги презентираше капиталните проекти што се
реалзизираат и кои се планирани да се реалзиираат во наредниот период во
Република Македонија
Денеска министерот Мисајловски го прими и новоименуваниот амбасадор на Унгарија во
Република Македонија, Н.Е Ласло И. Дукс.
На
средбата се разгледаа можностите за продлабочување на соработката во помеѓу
двете земји, ставајќи акцент во реализација на капиталните инфраструктурни
проекти.
И
двајцата заклучија дека досегашна соработка треба да продолжи и дека во иднина е потребно
продлабочување на взаемната поддршка помеѓу двете држави.