Министерот Мисајловски присуствуваше на одбележување на 20 години од независноста на Контролата на летање
07.11.2016
Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележување на 20 години од независноста на Контролата на летање.
Во рамките на посетата на М-НАВ, Мисајловски се информираше за активностите на Контролата за летање како и за инвестициите што се реализираат во оваа институција се со цел подигање на квалитетот на давање на услуги на авиопревозниците.
По повод 20 годишниот јубилеј Управниот одбор на М – НАВ донесе одлука да донира 200.000 денари на Сојузот за слепи лица.