Министерот Мисајловски во Турција преговара за нови прекуокеански летови до САД и Канада
30.03.2017
Министерот
за транспорт и врски г-дин Владо
Мисајловски претстојува во работна посета во Истанбул, Република Турција каде
оствари средба со г-дин Билал Екси, генерален менаџер на авиокомпанијата Туркиш
ерлајнс, како и со менаџментот на ТАВ.
На средбата се разговраше за
можностите за воспоставување на интерконтинентална авио линија од Република
Македонија до САД и Канада.
Министерот Мисајловски ја
образложи потребата од воспоставување на една ваква авионска линија се со цел
Република Македонија да има можност директно да се поврзе со прекуокеанските
земји, притоа нагласувајќи ја отворената соработка и партнерскиот однос на
Владата на Република Македонија кон авиокомпаниите што оперираат во Република
Македонија.
Имајќи предвид дека
авиокомпанијата Туркиш ерлајнс е една од водечките авио компании во светот а
која веќе извесен период оперира од македонските аеродроми, се отвора можноста за
прв пат да се воспостави еден интерконтинентален лет, што ќе ги задоволи барањата на македонските
граѓани од дијаспората. Воведувањето на еден ваков лет, воедно ќе овозможи и зголемување
на бројот на патници што ќе транзитираат низ домашните аеродроми како и создавање
од аеродромот “Александар Велики” еден водечки регионален центар.
Во однос на процедурите и
билатералните договори, Ве информираме дека Република Македонија има потпишано
спогодби со Канада и САД како и со трети земји за воспоставување на воздушен
сообраќај.
Владата на Република Македонија
во континуитет инвестира во подобрување
на аеродромската инфраструктура и зголемување на капацитетот на авионскиот
сообраќај во земјата. Како резултат на таквите политики, авионскиот сообраќај во последните неколку години бележи зголемување преку 100 %.