Министерот Сугарески изврши увид во изградба на автопатот Демир Капија-Смоквица
15.06.2017
Министерот
за транспорт и врски Горан Сугарески заедно со амбасадорот на Република
Франција во Македонија Кристијан Тимоние денеска во Демир Капија остварија
средба со претставниците на компанијата ЕЖИС, која е надзорен орган за
изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица. На средбата министерот и
амбасадорот биле информирани со процесот на изградба на автопатот и преостанатите
работи што треба да се дозавршат.
–
Контролниот центар треба да биде направен во Неготино со цел да профункционира
сигнализацијата која е поврзана со тунелите и автопатот да биде пуштен во
употреба до 1 ноември кога е крајниот рок, изјави министерот Сугарески.
Францускиот
амбасадор Кристијан Тимоние истанка дека е задоволен од сработеното на автопатот
Демир Капија - Смоквица од страна работата на француската компанија „ЕЖИС“ која
беше назначена како надзорен орган за проектот за изградба на оваа автопатска
делница.
-
Особено сум горд што најголемото француско инжењерско претпријатие беше избрано
за надзор. ЕЖИС спроведе извонредна работа која веќе е при крај и која
најверојатно ќе има силни економски ефекти врз македонската економија затоа што
автопатот ќе значи премин и поврзување од Салцбург до Солун, изјави Тимоние,
додавајќи дека станува збор и за трансфер на технологија и знаење.