Министерот Сугарески оствари работна средба со евроамбасадорот Жбогар
09.06.2017
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оствари работна средба
со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Самуел
Жбогар.
Министерот Сугарески изрази целосна подготвеност
за продолжување на соработката меѓу Владата на Република Македонија и
Европската Унија, посебно во реализација на инфраструктурните проекти што се од
особено значење за Република Македонија.
“Поддршката
што ни ја овозможува Европската Унија за реализација на капиталните проекти е
од огромно значење за економскиот развој на Република Македонија. Како Влада,
посебно како Министерство за транспорт и врски задоволство ни е што имаме таков
партнер и се надевам дека ваквата соработа ќе продолжи и во иднина”, рече
министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Реформите што ќе се
спроведуваат во наредниот период ќе бидат во насока на подобрување на
севкупната состојба во општеството,
потенцираше министерот Сугарески.
Тој изрази благодарност до евроамбасадорот
Самуел Жбогар за заложбите и поддршката на Европската Унија кон Република
Македонија.
Двајцата соговорници се согласија на
интензивирање на понатамошната
соработка, посебно во делот на подобрување на инфраструктурата во
државата.