Министерот Сугарески оствари средба со амбасадорката на БиХ, Лепа Бабиќ
30.06.2017
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари работна средба
со амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонија,Лепа Бабиќ.
На средбата се разговараше за актуелните
состојби меѓу двете земји, притоа акцент се стави на зголемување на економската
соработка меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина..
Министерот Сугарески ја запозна амбасадорката
Бабиќ со ифраструктурните проекти што се реализираат во земјава како и со реформите
што ќе се спроведуваат во наредниот период а кои се во насока на подобрување на
севкупната состојба во државата.
“На
средбата разговаравме за актуелните прашања поврзани со двете земји, Босна и
Херцеговина е наша пријателска земја и се надевам дека во име на таквиот
партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот
период”, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Двајцата
соговорници се согласија на интензивирање на понатамошната соработка, посебно во делот на подигнување
на економските односи на повисоко ниво.