Министерот Сугарески оствари средба со амбасадорот на Франција
14.06.2017
Министерот за транспорт и
врски Горан Сугарески денеска оствари работна средба
со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристиан Тимоние.
На средбата министерот
Сугарески го информираше францускиот амбасадор за проектите што се
реализираат во Република Македонија во делот на инфраструктурата а кои се
подржани од Европската Унија.
Министерот изрази благодарност за заложбите што
ги дава Франција за Република Македонија, уверувајќи дека соработката ќе
продолжи и во иднина на едно повисоко ниво.
“Франција
е наш долгогодишен економски партнер поддржувајќи голем број на проекти во
Република Макеоднија. Изразувам благодарност за таквиот пријателски однос и се
надевам дека таквата соработка ќе продолжи и во следниот период”, рече министерот за транспорт и врски Горан
Сугарески.