Министерот Владо Мисајловски присуствува на состанок на министри од Западен Балкан
20.06.2016
Почитувани,
Ве информираме дека министерот за транспорт и врски, г – дин Владо
Мисајловски е во дводневна работна посета во Ротердам, Холандија каде
присуствува на состанокот на министри од Западен Балкан на тема: „ТЕН – Т
Коридори, регионално транспортно поврзување“.
На состанокот министерот за транспорт и врски, г – дин Владо Мисајловски ќе
се обрати презентирајќи ги инфраструктурните проекти што се реализираат на
Коридорите 8 и 10 во Република Македонија.