Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одржа прес-конференција на која ги објави деталите во однос на Јавниот повик за доставување на барање за финансиска поддршка на авиокомпанија што ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот СВ. Апостол Павле во Охрид.
Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески :
“Министерството за транспорт и врски е силно посветено на развој на ависообраќајот во Република Македонија.
Доказ за тоа е создавањето на услови за потикнување влез на нови авиокомпании на домашниот пазар како и воспоставување на нови дестинации за македонските граѓани, како програмска определба на Владата и Министерството за транспорт и врски.
Резултатите се веќе видливи, имаме континуиран раст на патници превезени од домашните аеродорми, како и нови воспостани дестинации кон европските метрополи.
Нашата задача е да овозможиме нови дополнителни услови, да го поттикнеме развојот на авосообраќајот во земјава без да ја нарушиме меѓународната конкуренција и пазарот.
Во таа насока на денешнава прес конференција сакам да информирам дека денеска го објавивме Јавниот повик за финансиска поддршка за нискобуџетени авиокомпании кои ќе понудат нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.
На почеток сакам да потенцирам дека Јавниот повик за финаниска поддршка се однесува за период од три години и тоа периодот 2018-2021 година.
Истиот е веќе објавен во Службен весник, на веб страната на Министерството за транспорт и врски како и во два домашни печатени медиуми и еден странски медиум.
Јавниот повик е транспарентен и на него можат да се пријават сите домашни и странски авиопревозници кои ги исполуваат следниве критериуми :
· барателот на финансиската поддршка е потребно да имa уверение за исполнување на безбедносните услови за вршење на јавен воздушен превоз
Понатаму, авиокомпанијата односно корисникот на финансиската поддршка треба да ги изврши следниве обврски:
Во однос на финансиската поддршка, Владата донесе програма со која од Буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидуваат вкупно средства во висина 312, 4 милиони денари или 5 милиони евра и тоа :
- 49, 7 милиони денари за 2018 година за што веќе се обезбедени,
- 104, 2 милиони денари за 2019 година
- 104, 2 милиони денари за 2020 година
- 54,2 милиони денари за 2021 година
Владата преку Министерството за транспорт и врски ќе додели:
За секоја нова дестинација воведена од „Меѓународен аеродром Скопје“ ќе се додели финансиска поддршка во износ од:
За секоја нова дестинација воведена од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе се додели финансиска поддршка во износ од:
Потенцирам дека нашата намера е да ги искористиме капацитетите на охридскиот аеродорм и да го промовираме како аеродорм за нискобуџетни авиокомпании.
Финансиката поддршка ќе се додели на авиокомпанијата која ќе понуди најголем број на нови дестинации на кои ќе оперира од и до аеродромите „Меѓународен аеродром Скопје“ и „Св. Апостол Павле“ – Охрид, а кои не биле опслужувани со редoвен воздушен превоз во последните две ИАТА сезони.
Во случај два или повеќе авиокомпании да понудат ист број на дестинации, финансиската поддршка ќе се додели на барателот кој ќе понуди поголем број на неделни фреквенции на дестинациите на кои ќе оперират на двата аеродроми.
Во случај два или повеќе авиокомпании да понудат ист број на неделни фрекфенции на дестинациите на кои ќе оперираат, финансиската поддршка ќе се додели на авиокомпанијат согласно принципот на првенство при поднесување на барањето за доделување на финансиската поддршка.
Сите заинтересирани авиокомпании ќе можат целосната докуменатција да ја подигнат од Министерството за транспорт и врски. Рокот за поднесување на барањата е до 27 јули 2018 година до 12 часот кога ќе се случи јавното отворање на понудите.
Тоа што сакам да потенцирам е дека целата постапка ќе се одвива на јавен и транспарентен начин и Ве уверувам дека ќе избереме авиокомпанија која ќе достави најдобра понуда и ќе ги исполнува критериумите согласно Јавниот повик.
Нашата крајна цел е да обезбедиме раст на авиосообраќајот во Република Македонија а на граѓаните да им овозможиме атрактивни дестинации согласно нивните потреби по прифатливи цени на билетите,” истакна министерот Сугарески.
Јавниот повик може да се најде на веб страната на министерството за транспорт и врски на следниот линк: http://mtc.gov.mk/javen-povik-za-dostavuvanje-na-baranje-za-dodeluvanje-na-finansiska-poddrshka