Објавен
е тендер за набавка на три електрични локомотиви за обнова на возниот парк на
МЖ Транспорт ад Скопје, инвестиција од седум милиони евра, информира министерот
за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Тендерската
постапка трае до 2 јуни годинава, а Мисајловски очекува годинава да биде
склучен договорот, а до јуни следната година локомотивите да бидат испорачани
во Македонија.
Според
Мисајловски, политиките на Министерството за транспорт резултираат со развој на
железницата.
-
Претходно набавивме шет нови патнички возови, исто така вработените во
Железницата во континуитет земаат редовна плата, обезбедивме работа и за
велешка Колска, што значи дека со политиките што Министерството за транспорт и
врски ги презема во делот на железницата постигнуваме добри резултати за развој
на железничкиот сектор во Република Македонија, изјави Мисајловски.