Министерот за транспорт и врски
Владо Мисајловски заедно со директорот на ЈП за Државни патишта Александар
Стојанов денескаизвршија
увид во изградба на новиот автопат од Скопје, клучка Миладиновци до Штип.
Израдбата на автопатот оди соггласно
потребната динамика, до сега асфалтирани сеоколу 30 километри.
Министерот Мисајловски во интервју
истакна дека целата траса од новиот автопат е пробиена и до сеа се завршени
околу 50% од вкупните градежни работи. На овој автопат проектирана е брзина од 120 километри на час, а на
неговата изградба работат над 800 радежни работници и повеќе од 300 градежни
машини, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Од
работите на траса моментално се работи на изградба на 7
клучки и тоа Миладиновци, Средно Коњаре, Преод, Свети Николе-Север, Свети
Николе-Југоисток, клучка Кадрифаково и клучка Три Чешми.
Изградбата
на овој автопат започна во 2014 година и како што информираше министерот веќе
наредната година ќе возиме по комплетно нов автопат кој ќе обезбеди побрзо и
побезбедно поврзување со централниот дел на источна Македонија.
При
посетата на автопатот министерот изврши и увид во лабараторијата каде се
испитува цврстината и квалитетот на асфатлтот кој се употребува во израдбата.
Министерот
Мисајловски истакна дека во наредниот период ќе започне изградба и
рехабилитација на 260 километри патна мрежа или инвестиија од 370 милиони евра.
Вкупната
широчина на автопатот е 27,4
метри,
од кој четири ленти од 3,75 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри.
Проектираната брзина е 120 километри на час.