Прелиминарна распределба на 76 социјални станови во Прилеп
02.02.2016
Се изврши јавна прелиминарна распределба на 76 социјални станови во Прилеп. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој присуствуваше на јавна распределба истакна дека водејќи се од политиките на Владата на Република Македонија за згрижување на социјално ранливите категории на граѓани, предност при распределбата ќе имаат децата без родители или родителска грижа со навршени 18 години, а кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
За социјални станови во Центарот за социјални работи во Прилеп аплицирале вкупно 232 – ца граѓани од кои валидна документација доставиле 173 лица.
-Во однос на системот за распределба сакам да потенцирам дека сите други лица влегуваат со еднакви шанси за добивање на социјален стан. Според доставената документација ќе се изврши бодирање на секој барател, согласно методологијата за бодирање на социјален стан под закуп, посочи министерот.
Мисајловски потенцираше дека јавна распределба е прелиминарна и не е конечна. Тоа значи дека сите лица кои системот ќе ги исфрли како добитници на социјален стан, не значи дека ќе бидат и конечни добитници на станови. На распределбара присутни беа и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и директорот на АДССДП Цветко Грозданов.
До сега изградени се 678 станови за социјлано ранливи категории.