Петтиот патнички воз купен од кинеската компанија ЦСР за ЈП Македонски железници Транспорт денеска пристигна во Македонија.
Новиот воз е на дизел погон. Откако ќе бидат извршени потребните тестирања ќе биде пуштен да сообраќа на линијата Скопје - Гевгелија Скопје.
ЦСР треба да испорача во Македонија уште еден воз на дизел погон согласно договорот меѓу Министерството за транспорт и врски и ЦСР со кој беа купени шест патнички возови, четири дизел и два со електромотор.
До сега се инвестирани преку 57 милиони евра за обнова на возниот парк на Македонски Железници.