Привршува изградбата на експресниот пат Велес - Кадрифаково
12.05.2016
Финишира изградбата
на експресниот пат Велес-Кадрифаково. Патот во должина од 26 километри комплетно ќе биде завршен до септември, најави министерот за транспорт и врски Владо
Мисајловски. Тој денеска заедно со директорот на ЈП за Државни патишта извршија
увид во изградба на овој патен правец кој е од огромно значење за граѓаните од
Источниот регион.
Денеска сме тука за
да извршиме увид како тече израдбата на екпресниот пат. Моментално се врши
асфалтирање на делови од третата фаза која е со должина од 10 километри. До
сега се реализирани 75 % од градежните
работи. Претходно ги завршивме двете
фази и со оваа динамика на изградба очекувам патот да биде завршен до месец септември
оваа година, изјави Владо Мисајловски министерот за транспорт и врски.
Вкупната инвестиција за
изградбата на експресниот пат е 14,6 милиони евра. Патот се градеше во три фази
од кои двете се комплетно завршени.
Исто така во овој дел
од Македонија ќе започнеме со изградба на уште три експресни патишта. Со
нивната изградба граѓаните ќе добијат квалитетна патна мрежа која ќе придонесе за побрз и побезбеден
сообраќај, како и економски развој на Источниот регион, изјави министерот
Мисајловски
Повеќе од 40тина
години не се инвестирало во овој регион, привршуваме со изградбата на овој експресен
пат, ќе се постави комплетно нова сигнализација, банкини, а на некои места
патот ќе биде осветлен, изјави Александар Стојанов, директор на ЈП за Државни
патишта.
Моментално активно се
работи и на изградба на автопатотот Миладиновци – Штип кој е со должина од 47
километри. До сега се реализирани вкупно 36 % од градежните работи. Пробиени се
93 % од трасата и моментално се работи на земјени работи, а поставен е прв слој
асфалт во дожина од околу 8,5 километри.