Проектирањето на железничката пруга кон Албанија ќе заврши до крајот на годината
17.06.2016
Министерот
за транспорт и врски Владо Мисајловски истакна дека проектирањето за изработка
на основен проект за еднаколосечна електрична пруга е започнат во 2014 година.
-Во
тек е проектирање во должина од 63 километри, а дополнителн ќе се проектира и
еден крак до Охрид. Вкупната инвестиција за проектирање е 9,7 милиони евра.
Проектирањето ќе треба да заврши до крајот на ова година. До сега се завршени
околу 60 проценти од проектирањето. Откако истото ќе заврши ќе увидиме колку е
проценетата вредност за изградба на пругата, вели Мисајловски.
Тој
додава дека се планира финансирањето да се обезбеди од ИПА или преку други
меѓународни финансиски институции. Министерот посочува и дека идната недела ќе
присуствува на министерски состанок со министрите од западен Балкан и
претставници од ЕК на кој ќе ја презентира важноста од овој проект и потребата
од неговото финансирање.
Железничкото
поврзување меѓу Македонија и Бугарија треба да заврши најдоцна до 2020 година.