Пуштање во употреба на локален пат во Горно Лисиче
15.01.2016
Министертот за транспорт и врски Владо Мисајловси заедно со градоначалникот на општината Аеродорм, Ивица Коневски ја пуштија во употреба реконструираната улицата „Горно Лисиче“. Станува збор за една од најголемите улици во населбата Горно Лисиче на потегот од „12 Македонска бригада“ до црквата „ Св. Петар и Павле“.
Вкупната должина на реконструкцијата што ја опфати улицата „Горно Лисиче“ изнесува околу 1,7 километри, со вкупна вредност од околу 14 милиони денари.
-Минатата година со премиерот Груевски најавивме дека 48 локални патишта ќе бидат завршени. Сите 48 патишта што беа во нашата програма се целосно завршени, а само во општина Аеродром инвестиравме повеќе од 20 милиони денари, истакна министерот Мисајловски.
Тој посочи дека од 2010 година па до денес се изградени повеќе од 404 локални патишта во цела Македонија или повеќе од 740 километри патна инфраструктура, вредна 65 милиони евра. Градоначалникот Коневски најави дека во 2016 година ќе продолжи реализацијата и на други инфраструктурни проекти во оваа населба.