Министерот за транспорт и врски
Владо Мисајловски заедно со градоначалникот на Ресен и дирекорот на ЈП за
државни патишта го
пуштија во употреба патот од Љубојно до Брајчино, инвестиција од 13 милиони
денари.
Го пуштивме во употреба овој пат од Љубојно до Брајчино,
многу значаен за развој на туризмот. Исто така завршивме и со реконструкција на локалните патни правци
до с. Крани и с. Грнчари. Во моментов активно работиме и на реконструкција на
регионалниот пат Битола – Ресен – Буково или само во општина Ресен инвестициите
во патната инфраструктура надминуваат над 6 милиони евра,изјави министерот.
Овој проект е дел од проектот за
реконстуркција и изградба на локалната патна мрежа преку кој се инвестирани
преку 60 милиони евра а реконструирани се над 400 локлани патишта.