Денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски
како дел од владиниот тим предводен од лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски
беше во работна посета во охридско – струшкиот регион каде што извршија увид и
започнаа со реализација на нови капитални проекти.
Владиниот тим денеска изврши увид во активностите при
доградба на спортската сала во ОУ Климент Охридски во с. Дрслајца и постави
камен темелник за изградба на спортска сала во ОУ Мурат Лабуништа во с.
Лабуништа. Исто така извршија увид на доградбата на постојната амбуланта и
се сретнаа со жителите на с. Лабуништа. Како дел од денешната агенда
владиниот тим присуствуваше на отпочнувањето со уредување на шеталиштето на кејот на река Вевчанска и извршија увид во актвностите при изградба на канализационен
систем во Вевчани.
Одговарајќи
на новинарски прашања при посетата на Струга и струшко претседателот
на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека околу 470 милиони евра се инвестирани во патната
инфраструктура во охридско-струшкиот регион
Главната
инвестиција е изградбата на автопатот Кичево-Охрид, кој е во напредна фаза и
треба да е готов до крајот на 2018 година.
- Се работи интензивно, ангажирани се огромен број
работници, се пробива трасата и компаниите работат со полн ангажман на овој
отприлика 50 - километарски автопат, рече Груевски.
Покрај овој автопат нагласи дека има и други крупни
инвестиции во патната мрежа во овој регион како што е експресниот пат Охрид -
Пештани и Требеништа - Струга кои треба да почнат да се градат кон средината на
следната година.
- Значајно е
да се спомене и обиколницата во Вевчани за која за две недели ќе почне
постапката за изнаоѓање изведувач и ќе се вложат 23 милиони денари, а ќе биде
многу значајна за жителите на Вевчани, рече Груевски.