Работна посета во општините Чешиново и Облешево и Карбинци
21.04.2016
Министерот
за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со директорите на јавното
претпријатие за државни патишта и Македонија пат и градоначалниците на општините
Чешиново и Облешево и Карбинци извршија увид во изградениот мост кај
Пишица и изградбата на регионалниот пат од Карбинци до Зрновци.
-Во
однос на мостот кај Пишица сакам да истакнам дека ова е многу значаен проект
бидејќи изградбата на мостот беше едно од најголемите барања на жителите од
овој регион. Мостот е долг 51 метар инвестиција од 21 милион денари, истакна
министерот за транспорт и врски.
Исто
така на овој потег преку ЈП Македонија пат се изгради една делница од мостот до
регионалниот пат кај с. Пишица инвестиција од 10 милиони денари со што целиот
проект се комплетира и се овозможи поврзување помеѓу општините Кочани со
Чешиново и Облешево и сите останати населени места што гравитираат на овој
регионален пат.
-Во
однос на регионалниот пат Карбинци – Зрновци сакам да потенцирам дека ова е
многу значаен проект за жителите на 8 населени места од општините Карбинци,
Зрновци и Чешиново и Облешево. Вкупната инвестиција за изградба на овој пат е
50 милиони денари, изјави Мисајловски.
Изградбата
на овие инфраструктурни проекти се од големо значење за овој регион особено за
подобра комуникација меѓу населените места во овие општини, сметаат
градоначалниците на Чешиново и Облешево и Карбинци.