Државниот секретар при
министерството за транспорт и врски Божидар Петроски денеска заедно со
претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски и претставници од централната
власт извршија работна посета на тетовско – гостиварскиот регион.
Тие најпрво се сретнаа со жителите
на село Шипковица каде разговараа за штетите направени од ланските поплави.
Локалното население истакна дека 90% од штетата е санирана но од централната
власт бараат санирање на уште неколку куќи и патот над селото за да се заштитат
од евентуални нови поплави.
Државниот
секретар при Министерството за транспорт и
врски Божидар Петроски рече дека во врска со сите инфраструктурни
проблеми во смисла на проблеми со карпата со суводолици направена е целосна
анализа, стратегија и студија од страна на Министерството за животна средина во
што беше вклучена и УНДП и овие документи содржат краткорочни, среднорочни и
долгорочни мерки како сето тоа да се санира.
Претседателот
на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски истакна дека на владина седница би
требало да се предложи акциски план за реализација на овие проекти. Во однос на
патот од Попова Шапка кон Бродец кој поминува низ селото Шипковица државниот секретар во Министерството за транспорт и врски го информираше
Груевски дека е завршен од страна на централната власт, но останува дел
кој што треба да биде опфатен од локалната самоуправа.
–
Станува збор за локален пат од три
километри рехабилитиран од Јавното
претпријатие за државни патишта, истакна државниот сектретар при Министерството за
транспорт и врски Божидар Петроски
Вредноста
на инвестицијата е околу 25 милиони денари. Исто така на барање на жителите
најавено е санирање на приодниот пат во селото Шипковица.
За
време на посетата на општина Тетово, државниот секретар Божидар Петроски и
претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски заедно со владиниот тим извршија увид на регионалниот пат Тетово - Гостивар делница Брвеница - Чегране и се сретнаа со жителите на Брвеница и неколку
други тетовски села.
Исто така како дел од денешната
посета државниот секретар на Министерството за транспорт и врски присуствуваше
на поставување на камен темелник за изградба на училиште и спортска сала во ОУ
„Мустафа Кемал Ататурк“.
Владиниот тим заедно со лидерот на
ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски извршија увид во изградбата на 70 станови за лица
со социјален ризик. Зградата е инвестиција од 84 милиони денари и се очекува да
се заврши во 2018 година.
Работната посета на тетовско –
гостиварскиот регион заврши со средба со жителите на гостиварската населба
Циглана.