Министерот за транспор и врски Владо
Мисајловски денеска оствари работна средба со Амбасадорот во заминување на НР
Кина во Република Македонија Вен Женшун.
На средбата, министерот Мисајловски и Кинескиот амбасадор Женшун,
изразија благодарност за досегашната успешна соработка помеѓу Владите на
Република Македонија и НР Кина.
Министерот Мисајловски се
заблагодари за досегашната соработка што ја има Министертвото за транспорт и
врски со амбасадата на НР Кина во Република Македонија за поддршката во
реализација на капиталните проекти, посебно во изградба на дел од патната
инфраструктура во Република Македонија.
Амбасадорот на НР Кина, Женшун исто
така изрази големо задоволство за досегашната соработката што ја имал со
македонските институции посебно со Министерството за транспорт и врски. Тој
истакна дека огромната соработка помеѓу двете Влади се гледа токму во
изградбата на двата нови автопати како најголеми проекти каде се вклучени кинески
компании.
На средбата се разговараше и за
други тековни проекти што се реализираат во Република Македонија, а двајцата изразија
подготвеност за идна соработка меѓу двете земји.