Денеска министерот за транспорт и
врски Владо Мисајловски како дел од владиниот тим предводен од претседателот на
ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски беше во работна посета на општина Долнени каде што
извршија увид на инфраструктурните проекти кои се реализираат во оваа општина.
Владиниот тим присуствуваше на
поставување на камен темелник за изградбата на локалниот пат од с. Дупјанчани
до с. Небрегово и извршија увид во изградбата на регионалниот пат Лажани –
Ропотово – Црнилиште кој е во должина од 17 километри, инвестиција вредна 1,8
милиони евра. До сега се асфалтирани 14 километри и се поставуваат банкини и
патна сигнализација. Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува 85%.
Исто така тимот предводен од Никола
Груевски како дел од денешната посета на општина Долнени го посети
рекнструираниот патен правец од с. Костинци до Манастирот Св. ПреображениеХристово.