Распишан тендер за нов водоснабдителен систем во долно Количани
19.02.2016
Министерството за транспорт и врски распиша тендер за изградба на водоснабдителен систем на населено место Долно Количани, општина Студеничани како и тендер за реконструкција на водоводниот систем во населеното место Света Петка во општина Сопиште.
Реализацијата на овој проект практично е исполнување на заложбите кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот Владо Мисајловски ги додоа пред граѓаните при посетата на општина Студеничани во август минатата година.
Инвестициона вредност во првата фаза за изградба на водоснабдителен систем на населено место Долно Количани изнесува 8 милиони денари, а средствата се обезбедени во буџетот на Министерството за транспорт и врски.
Со првата фаза планирано е изградба на цевковод во должина од приближно 3,5 километри. Со реализацијата на овој проект ќе се обезбеди доволна количина на вода за водоснабдување на населеното место Долно Количани во општина Студеничани.
Во однос на реконструкција на водоводниот систем во населеното место Света Петка во општина Сопиште ќе се инвестира 4 милиони денари. Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи поквалитетно водоснабдување на жителите од населеното место Света Петка.