Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски присуствуваше на прелиминарната распределба на 18 социјални станови во Ресен.
Министерот посочи дека предност при распределбата на овие станови ќе имаат децата без родители и родителска грижа со навршени 18 години. Во наредниот период Комисијата ќе вршат контроли на лицата кои се наоѓаат на прелиминарната листа.
-Владата на Република Македонија во изминатите години континуирано работи на помош и згрижување на лицата кои немаат постојан покрив над главата. До сега во соработка со Јавното претпријатие за станбен и деловен простор изградивме 13 згради со вкупно 678 станови, меѓу кои и оваа зграда во Ресен. Тоа значи дека подеднакво водиме грижа за сите граѓани на Република Македонија.