Министерството за транспорт и врски најостро реагира на изјавата на Благој Бочаврски од СДСМ во однос на изградбата на патиштата во Република Македонија. Не е точно дека само се најавува изградба на патишта и таквите најави не се реализираат.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ влезе во еден историски циклус во изградба и реконструкција на патната инфраструктура во Република Македонија.
Во моментов:
Ова се само дел од поголемите проекти што се реализираат во патната инфраструктура во Република Македонија. Овој инвестициски циклус нема да запре, во наредниот период дополнително ќе се фокусираме на патната инфраструктура а ќе се изградат и реконструираат патишта секаде каде ќе има потреба од тоа.
СДСМ како и по обичај ја копира Програмата за работа на оваа Влада и најавува проекти за кои веќе Министерството за трнаспорт и врски преку ЈП за државни патишта е во завршна фаза пред потпишување на договори за изградба.
Транспортната политика преку инвестирање во квалитетна инфраструктура и понатаму ќе остане во фокусот на Владата на РМ.