Рехабилитација на автопатска делница Смоквица – Гевгелија
25.05.2016
Отпочнато е со
градежни работи на трасата во декември 2015 година. Се работи на
рушење на 4 постоечки мостови за да може да се изведат 4 нови мостови со
конструкција на ниво за автопат. Времетраењето на
градежните работи предвидено е да биде 12 месеци. Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува20%.
Оваа автопатска делница е во должина од 10,15 километри, а вкупната инвестиција
е 4,2 милиони евра, средства од ИПА и буџет на РМ.