Реконструкција на 10 железнички станици на Коридорот 10
06.06.2016
Започнавме
со проект за реконструкција на 10 железнички станици на Коридорот 10 според
стандарди на ЕУ. Со проектот се опфатени
10 железнички станици и тоа Велес,
Прилеп, Демир Капија, Табановце и Градско, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка и
Неготино – Вардар. Четири од нив веќе се завршени и тоа во Велес, Прилеп, Демир Капија и
Градско, останатите се во фаза на реконструкција или дел ќе
започнат да се реконструираат, а комплетно се очекува да бидат завршени оваа година. Инвестицијата е вредна
1,9 милион евра средства обезбедени преку ЕУ.