С О О П Ш Т Е Н И Е до превозниците кои вршат линиски превоз на патници
23.05.2018
Ве информираме дека на ден 31.05.2018 година (четврток)
со почеток од 09:00 часот заклучно до 15:00 часот истиот ден ќе се врши аплицирање
по електронски пат за одобрување на возни редови за одобрување на нови
автобуски линии и за промена на одобрени автобуски линии во меѓуопштинскиот и
меѓународниот линиски превоз на патници.
Превозниците
кои имаат лиценци за меѓуопштински и/или меѓународен линиски превоз на патници
и кои ги исполнуват критериумите за аплицирање утврдени во Законот за превоз во
патниот сообраќај во наведениот термин ќе можат да аплицираат на
интернет-страницата www.liniskiprevoz.gov.mk.
Во
прилог на соопштението се дадени табелите со ажурирани бази на одобрени возни
редови во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај заклучно со денешен
ден и листа на категоризирани автобуски станици.