Средба на министерот Сугарески со кинеската амбасадорка Јин Лисијан
28.06.2017
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески
оствари работна средба со Јин Лисијан амбасадор на Народна Република Кина во
Република Македонија,.
На средбата министерот Сугарески ги презентирше
инфраструктурните проекти поддржани од кинеската страна и ги објасни проблемите настанати при
изградбата на двата автопати Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип. Министерот Сугарески
изрази загриженост за предвидените рокови за нивна реализација и побара поддршка
од кинеска страна за што побрзо надминување на ваквата состојба.
“Оваа
средба беше повеќе од неопходна за да ги отвориме прашањата поврзани со
инфраструктураните проекти кои се поддржани од кинеската страна. Ја информирав
амбасадорката за состојбата со изградба на двата автопати Кичево –Охрид и
Миладиновци-Штип и за проблемите што се настанати при изградбата, посебно со
роковите и дополнителните работи.” рече министерот за транспорт и врски Горан
Сугарески.
На средбата се разговараше и за економските
односи меѓу двете земји, притоа министерот Сугарески изрази огромна
благодарност за поддршката што НР Кина ја овозможува за реализација на капиталните
проекти во Република Македонија.
Тој изрази целосна подготвеност за продолжување на
таквата соработка во име на продлабочување на добрите односи меѓу двете земји,
посебно во делот на поддршка на
инфраструктурните проекти.