Средба на министерот Сугарески со Комората на овластени архитекти и инженери на РМ
06.07.2017
Министерот Сугарески денеска оствари работна
средба на претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери
на Република Македонија.
Претседателот на Комората, Миле
Димитровски, честитајки го изборот на Министерот ги истакна приоритетите на
Комората за наредниот период.
Министерот Сугарески, поздравувајкии ја
иницијатива на раководството на Комората за средбата, истакна дека ќе даде подршка
на сите активности кои се во насока на подобрување на законските решенија опфатени
со Законот за градење и Законот за просторно и урбанистичко планирање.
“Сите институционално
подготвени предлози кои доаѓаат од Комората ќе се обидеме да ги прегледаме и да
ги движиме низ процедурите на системот”, истакна Сугарески.
Министерот Сугарески објасни дека доколку Комората
подготви соодветен материјал за нормативи за утврдување на цените на
инженерските услуги кој е поминат во јавна расправа и содржи неконфликтни
решенија прифатени во Eвропската унија, министерството ќе го разгледa, ќе го
усогласи и ќе се обиде да го донесе во инерес на инженерите и архитектите.
“Се надевам на успешна и
плодна соработка со Комората бидејќи инженерите и архитектите се значаен дел од
државата и се драгоцени стручњаци на кои државата треба да се потпира во својот
натамошен развој”, истакна Министерот Сугарески на крајот од средбата.