Средба на министерот Сугарески со претставници на ЕК
27.06.2017
Mинистерот за транспорт и врски г-дин Горан Сугарески оствари работна средба
со г-ѓа Геновева Руиз Калавера,
директор за Западен Балкан во Директоратот за проширување и добрососедска
политика на Европската Комисија.
Министерот Сугарески изрази целосна подготвеност
за продолжување на соработката меѓу Владата на Република Македонија и Европската
Унија, посебно во реализација на капиталните проекти што се од особено значење за
Република Македонија и регионот.
Реформите што ќе се спроведуваат во наредниот
период ќе бидат во насока на подобрување на севкупната состојба, потенцираше министерот Сугарески пред
претставниците од Европската Комисија. Тој изрази огромна благодарност за
соработката и побара дополнителна
поддршка во насока на побрзо интегрирање на Република Македонија како
дел од Европската Унија.
“Огромна
е поддршката што ни ја овозможува Европската Унија во рамките на реализција на
капиталните проекти што се од особено значење за Република Македонија но и за
цел регион. Министерството за транспорт и врски ќе продолжи со реализаиција на
таквите проекти а воедно сме задоволни што и ЕУ на Нас гледа како еден сериозен
партнер и искрено се надевам дека ваквата соработа ќе продолжи и во иднина”, рече
министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Тој изрази благодарност за заложбите и
поддршката на Европската Комисија во насока на остварување на политиките на Република Македонија за членство во ЕУ.
Двајцата соговорници се согласија на
интензивирање на понатамошната
соработка, осебно во делот на поддршка на
инфраструктурните проекти.