Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, дадоа изјава за медиумите во однос на преговорите со Синдикатот на машинскиот персонал на МЖ Транспорт Скопје како и состојбата со железничкот сообраќај во државата. Во продолжение следи интегрален текст од изјавите на Вицепремиерот и Министерот за транспорт и врски:
“Во текот на вчерашниот ден заедно со министерот Сугарески имавме состанок со Синдикатот на машиновозачите, ги ислушавме нивните барања и морам да кажам дека дел од нивните барања се легитимни, ги разбравме нивните проблеми кои што ги имаат. Направивме длабоки разговори со нив, ги разбравме малку пошироко проблемите со кои што се сретнуваат во своето работење во извршувањето на своите работни задачи. Мислам дека постигнавме солиден договор, не само сега туку и во иднина да имаме отворен разговор со сите Синдикати вклучително и со Синдикатот на машиновозачите, да ги решаваме и разбираме проблемите кои што ги имаат. Ќе отвориме поширока дискусија за решавање на сите проблеми без разлика на кој оддел во работничкиот сектор се и ќе се обидеме истите да бидат решени на соодветен начин во рамките на можностите на државата”, изјави вицепремиерот за економски прашања, г-дин Кочо Анѓушев.
На новинарско прашање кои барања на машиновозачите се прифатени и ќе се исполнат и дали е завршен протестот, вицепремиерот за економски прашања, г-дин Кочо Анѓушев изјави:
“Toa се барања пред се во делот на одредени антикризни мерки кои што биле воведени во намалување на нивните лични доходи, понатаму во делот на коефициентите на платата но имаше и одредени барања и разговори кои што ќе продолжиме да ги разговараме во делот на условите за работа, во делот на ХТЗ опремата, специфичноста на работното место кои што тие гo имаат, значи едноставно станува збор за еден поширок спектар напроблеми со кои што луѓето се соочуваат, а кои ги разбравме и се обидовме она што во моментов можевме да го решиме, да го решиме, а она што не можеше во моментот, ќе го разговараме во наредниот период. Јас колку што сум информиран, а и Вие сте информирани добро дека од 00:00 часот возовите сообраќајат”.
На новинарско прашање дали се има некаква стрaтегија за враќање на претпријатието без финансиски загуби, вицепремиерот за економски прашања, г-дин Кочо Анѓушев изјави:
“Претпријтаијата кои што се во сопственост на државата кои што работат со загуби, претпоставувам дека сите ќе разберат дека не постои магионичарско стапче со кое што може преку ноќ да се направат профитабилни. Но мислам дека сите тие претпријатија ќе бидат предмет на анализа сериозна, за некои веќе имаме сознанија и идеи што да се направат, зборувам генерално не само за Железница, а за некои допрва треба да видиме во каква состојба се наоѓаат бидејќи можете да претпоставите дека за неколку дена не бевме во состојба се да видиме. Но она што можам да го гарантирам дека ќе имаме позитивен пристап према сите јавни претпријатија, односно претпријатија во државна сопственост и од истите ќе се обидеме да направиме профитабилни фирми. Се разбира тоа нема да биде секогаш лесно, но ќе дискутираме за сите претпријатија едно по едно. Што се однесува до Железници, мислам дека многу е битно да се обезбеди колку што може повеќе работа за нив, односно да Македонските компании колку што можат повеќе да возат преку Македонски железници, секако и МЖ треба да се прилагодат да бидат конкурентни во своите цени на останатите видови на транспорт, па ете ќе работиме заедно со МЖ, со сите Македонски компании, тука нормално тој процес ќе го предводи министерот Сугарески бидејќи тоа е во неговит ресор, ќе работиме да го најдеме заедничкиот интерес како да се зголеми обемот на работа на МЖ. Зголемувајќи го обемот мислам дека тоа ќе биде добриот рецепт да тие станат порентабилни и профитабилно пртепријатије”.
На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе се либерализира пазарот на железничкиот сообраќај, вицепремиерот за економски прашања, г-дин Кочо Анѓушев изјави:
“Има размислувања во таа насока како и во другите сфери дека транспортот со железници треба да се либерализира, тоа за пошироката јавност значи дека Инфраструктурата останува државна, пругата, шините, целата сообраќајна инфраструктура останува во делот на Инфраструктура како што тое е и денеска, но може да се случи да има повеќе оператори за транспорт кои што ќе имаат свои возила односно изнајмени возови и ќе сообраќаат со цел да се создаде конкуренција. Но нормално тука ќе се внимава и за државниот интерес, односно за интересот на транспорт, т.е. на претпријатиeто Транспорт”.
На новинарско прашање дали изградбата на автопатот Кичево-Охрид се соочува со некакви проблeми, министерот за транспорт и врски, г-дин Горан Сугарески изјави:
“Станува збор за експропријација која што во моментов во оваа фаза ја разгледуваме, сите можни проблеми кои што се излезени при изградбата и се надеваме дека во најбрз можен рок ќе излеземе и соопштиме на јавноста конкретно за што станува збор. Се уште немаме пресметка колку ќе чини, но многу брзо тоа ќе го имаме и ќе биде соопштено на јавноста.
Зборувам генерално, дел од прашањата беа поставени и вчера до Премиерот, се прави анализа и најбрзо ќе биде соопштено на јавноста за сите патни правци, вклучително и за Железницата и за патниот сообраќај во која фаза се, до каде е изградбата со јасен пресек на работите и на кој начин би се решавале тие проблеми”.
На новинарско прашање дали од вчерашниот состанок со машиновозачите се надминати сите работи за да не се случи повторно блокада на сообраќајот, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески изјави:
“Како што кажав и во текот на вчерашниот ден за дел од медиумите, разговаравме уште во петокот со Синдикатот на машиновозачи, вчера и со Вицепермиерот Анѓушев и постигнавме договор во делот за додатоците, за она со антикризните мерки кои што требало оддамна претпоставувам да бидат укинати од претходната власт, но тоа не било сторено не знам од кои причини, тие најдобро знаат. Но исто така и во делот на коефициентот како што кажа и Вицепремиерот, постигнавме одредено зголемување на тој коефициент така да за сите наредни барања, односно шест барања што беа од нивна страна кажавме дека ќе разговаравме и дека во делот на тие барања нема да има никаков проблем. Генералната стратегија ја објасни Вицепремиерот и мислам дека во следните интеврвјуа ќе биде објаснето опширно зa целата ситуација. Така да коефицинтот останува 2, 85”.