Сугарески: Катастарот е клучна институција за развој на општеството во целина
08.06.2017
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска
се обрати на десетата по ред Регионална конференција на катастар и
инфраструктура на просторни податоци, во организација на Агенцијата за катастар
на недвижности на Република Македонија.
Во своето обраќање тој потецираше дека Агенцијата за катастар на недвижности е клучна институција за развој на инфраструктурата а која треба да ја гарантира сопственоста, урбанистичкото планирање, развојот на пазарот на недвижности се со цел развој на општеството во целина.
Следи
интегрален текст од обраќањето на министерот за транспорт и врски г-дин Горан
Сугарески.
“Имајќи го предвид значењето на Катастарот и
унапредување на земјиштето, оваа Конференција ја оценувам како исклучително
важна за Република Македонија но и за сите земји од регионот и пошироко.
Споделувањето на искуствата меѓу земјите од регионот од областа на катастарот и
инфраструктурата на просторните податоци, треба да резултира со воспостување
функционален катастар кој ќе ја гарантира сопственоста, развојот на пазарот на
недвижности, зголемен број на трансакции, подобрување на урбанистичкото
планирање, развој на инфраструктурата и на животната среднина со цел за
оддржлив развој на општеството во целина.
Катастарот на недвижностите, инкорпориран во Агенцијата
за катастар на недвижности, има големо значење за современиот начин на живеење
во нашата држава бидејќи тој претстваува единствен систем за ажурно водење на
евиденцијата на земјиштето, зградите, посебните делови на зградите и другите
објекти изградени врз земјиштето. Неговите податоци служат за задоволување на
многубројните потреби на стопанските, управните, статистичките, даночните и
урбанистичките институции, а со цел заштита на правата врз недвижностите. Со
изготвување на посебни евиденции на недвижностите за потребите првенствено на
граѓаните, но и за потребите на државните органи, претпријатијата и на други
правни лица, Агенцијата за катастар доби значење на една од клучните државни
институции во Република Македонија.
Заложбите на новата Влада се темелат на суштински реформи
од областа на геодезијата и на катастарот со вклучување на што е можно поголем
број на релевантни субјетки.
По повод јубилејната прослава, 70 години
Агенција за катастар, 40 години студии по геодезија и 10 години од воведување
приватна геодетска дејност во Република Македонија, која ќе биде составен дел
на оваа Конференција, имам чест да ве поздравам Вас и Вашите гости од земјата и
од странство. Ви посакувам прославата да помине во свечена атмосфера, со желба
таа да претставува нов поттик за натамошна успешна и плодна работа. На вашите
гости истовремено им посакувам пријатен престој со желба да понесат убави и
незаборавни спомени од Репубилка Макеоднија”.