Сугарески оддаде почит пред споменикот на загинатите бранители од Карпалак во Прилеп
08.08.2017
Министерот Сугарески денеска пред споменикот „ Карпалак“
во Прилеп оддаде почит во чест на 10-те загинати бранители од Прилеп кај месноста
Карпалак во конфликтот од 2001 година.
- Од ова место, сеќавајќи се на загинатите
бранители, испраќам сериозна порака дека обединувањето во Република Македонија
се случува и мора да се случи во идниот период. Тоа што се случуваше пред 16
години е недозволиво и не смее да и се случи на Република Македонија, рече министерот
Сугарески.
На спомен обележјето, почит оддадоа и претставници
на семејствата на загинатите, делегации од кабинетот на претседателот на
Република Македонија, од Министерството за одбрана и генерал-штабот на АРМ
предводена од бригадниот генерал Павле Арсоски, од локалната самоуправа на чело
со градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, од здруженија на бранителите, од
политички партии и граѓани.