Сугарески: Со новата линија кон Доха се отвораат нови можности за граѓаните
18.07.2017
Денеска министерот за транспорт
и врски Горан Сугарески се обрати на
прес конференцијата по повод започнување на новата авионска линија Доха-Скопје.
Министерот истакна дека оваа линија е од огрмоно значење развој на воздушниот
сообраќај во Република Македонија бидејќи оваа линија отвора нови можности за
сите граѓани и домашни компании.
Во продолжение интегралниот
текст од говорот на минисетрот Сугарески.
“Ова е уште еден значаен момент за развој
на воздушниот сообраќај во Република Македонија. Aвиокомпанијата Катар ервејс, од
вчерашниот ден воспостави нова дестинација од Доха до Скопје на која ќе лета
четири пати во неделата. Со тоа Република Македонија директно се поврза со оваа
атрактивна дестинација од Блискиот исток, а понатаму преку Доха ќе се овозможи
и поврзување на многу бројни дестинации низ целиот свет.
Воспоставувањето на оваа
линија е од огромно значање за Република Македонија и Катар бидејќи се отвораат
бројни можности за значајно унапредување на соработката во секторот на
економијата, туризмот, културата, инвестициите како и други области од
заеднички интерес. Тоа се совпаѓа токму со намерите на новата реформска Влада
за обезбедување на услови за привлекување на странски инвестиции во функција на
развој на нашата земја. Дополнително, се
отвораат бројни можности и за домашните компании за проширувње на сопствените
бизниси и пласирање на производите на нови пазари.
Она што сакам да го
потенцирам е дека оваа линија е од огромно значење и за македонските граѓани
кои живеат во Катар. Моментално над илјада државјани на Република Македонија кои
живеат и работат во Катар се етаблирани во тамошното општество и претставуваат
исклучителен потенцијал за градење на меѓусебните врски. Исто така во
авиокомпанијата Катар работат над 100 млади лица кои се дел од високо
професионланиот кадар на оваа компанија.
Уште една работа што е многу
важна за сите граѓани и што сакам да ја потенцирам е фактот што Република Македонија
е ставена на листата земји за кои важи олеснителен визен режим за влез во Катар.
Имено граѓаните на Република Македонија, ВИЗА ќе можат да добијат при
пристигнување на аеродормот во Доха со што сметаме дека е огромна придобивка за
сите што ќе патуваат во оваа земја.
Ова е прва директна врска
меѓу Македонија и Катар преку која верувам дека ќе се зајакнат односите меѓу
двете земји и која ќе понуди нови можности за развој на сите економски,
туристички и културни потенцијали што ги нуди нашата земја.
Во оваа прилика сакам да се
заблагодарам на сите институции кои допринесоа за реализација на оваа линија,
како и на Катар ервејс што ја стави Република Македонија и Скопје на својата
карта на престижни европски дестинации.
На крај, на претставниците
на Катар ервејс сакам да им посакам успех и да порачам дека Република Македонија
на нив гледа како пратнер во насока на развивање на добрите односи меѓу двете
земји.
Катар ервејс е една од
најбрзорастечките авио компании во светот и се надевам дека новата линија ќе
придонесе за дополнително развивање на ависообраќајот во земјава.
Нашата заложба како Влада е
континуирано подобрување на авиособраќајот и спроведување на мерки и политики
во насока на обезбедување широка мрежа на линии и во тој контекст очекуваме
дека и во наредниот период на Македонскиот пазар ќе влезат нови авиокомпании
што ќе понудат атрактивни дестинации нудејќи нови можности за граѓаните на
Република Македонија.”
На прес конференцијата, се обратија и диркторот на Катар
ервејс како и директорот на ТАВ Македонија.