Сугарески:Соработката со Светска банка ќе продолжи и во наредниот период
13.06.2017
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оствари работна средба
со директорот на Канцеларијата на Светска банка во
Република Македонија, Марко Мантованели
На средбата се разговараше за поддршката во
делот на инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Македонија а
кои се поддржани од Светска банка.
Министерот Сугарески се заблагодари за
досегашната соработка, ја потенцираше важноста од истата и изрази целосна
подготвеност за продолжување на таквата соработка меѓу Владата на Република
Македонија и оваа меѓународна финансиска институција.
“Голема е
поддршката што ја овозможува Светска банака за реализација на дел од
инфраструктурните проекти што се огромно значење за развој на патната мрежа во
Република Македонија. Имаме интерес таа соработка да продолжи и во наредниот
период”, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
И двајцата соговорници изразија задоволство од
оддржаната средба и се согласија на продлабочување на досегашната соработка,
посебно во делот на поддршка во реализација на новите инфраструктурни проекти
во државата.