Одржана стручна расправа по Урбанистички план за интерконектор со Грција
28.09.2022
Во просториите на Министерството за транспорт и врски денеска се одржа стручна расправа по однос на Урбанистичкиот план за подрачја и градби од државно значење за интерконективен гасовод Република Северна Македонија – Република Грција.
Целта на оваа стручна расправа беше запознавање на стручната фела за планираната траса на интерконективниот гасовод.
На расправата беа присутни претставници од Министерството за транспорт и врски, од Национални Енергетски Ресурси и од општините Неготино, Демир Капија, Богданци и Гевгелија од каде минува предложената траса на гасоводот.
Министерството за транспорт и врски и во наредниот период ќе презема активности на реализација на капиталните проекти вклучувајќи и изградба на гасоводоната мрежа во Република Северна Македонија со цел алтернативно снабдување со гас.