Увид на регионалниот пат Лажани - Ропотово - Црнилиште
23.05.2016
Министерот
за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Јавното претпријатие за
државни патишта Александар Стојановски, извршија увид во реконструкцијата на
регионалниот пат Лажани – Ропотово – Црнилиште.
Овој
пат во должина од 17 километри започна да се реконструира во декември 2015
година, е инвестиција вредна 1.79 милиони евра.
-Извршивме увид во реконструкцијата на овој
регионален пат кој започна да се рехабилитира на крајот од минатата година.
Според динамиката на работа очекуваме неговата реконструкција да заврши во
септември оваа година, изјави министерот Мисајловски.
Мисјаловски
најави и дека оваа година во Република Македонија ќе отпочнат со изградба уште
пет експресни патишта.