Увид во изградбата на автопатот Миладиновци - Штип
25.05.2016
Вкупно
95 отсто од автопатот Миладиновци – Штип се пробиени, 9,5 километри се веќе
асфалтирани, а се работи и на изградба на мостовите, потпатниците,
натпатниците, вијадуктите, рече денеска премиеротЕмил Димитриев
откако, во придружба на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски,
изврши увид во градежните работи.
Како
што изјави Димитриев, автопатот вреден 206 милиони евра, е во должина од 47
километри, а неговата целосна реализација се очекува да заврши за најдоцна една
година.
Изведувач
на проектот е кинеската компанија „Синохидро“, додека подизведувачи се
македонските „Гранит“ и „Бетон“.
-
Од она што можев да го видам на лице место и да го слушнам од одговорните,
темпото на реализација се одвива согласно планираната динамика. Вкупниот
прогрес на градба е околу 39 проценти. Со задржување на ова темпо, ќе го
постигнеме планираниот рок – за една година да имаме комплетно завршен пат,
истакна премиерот.
Според
него, Владата истовремено работи и на уште два автопата, Демир Капија –
Смоквица и Кичево – Охрид, но почна и реконструкцијата на две автопатски
делници, Смоквица – Гевгелија и Куманово – Миладиновци.
-
Ова е историски важен момент за државата и за развојот на нејзината економија
зашто првпат паралелно се работи на вкупно 165 километри делници, дел се во
градба, а дел се реконструираат, што е инвестиција вредна 800 милиони евра.
Ангажирани се околу 2.500 луѓе и тоа е сериозен поттик за македонското
градежништво, како и за останатите поврзани стопански гранки, подвлече
Димитриев.
И
министерот Мисајловски потенцира дека првпат во историјата на Македонија се
градат три автопати.
-
Динамиката се одвива според планираното. Можно е да се случат и некои
непредвидени работи, но цврсто сум убеден и верувам дека следната година ќе
имаме нов, модерен автопат што македонските граѓани го заслужуваат, нагласи
Мисајловски.
Тој
најави дека во втората половина од годинава ќе почне и изградбата на
експресните патишта Штип – Кочани, Кочани – Делчево, Штип – Радовиш и Крива
Паланка – Ранковце, инвестиција вредна 300 милиони евра. Почнат е, додаде, уште
еден проект, реконструкција на патниот правец Кочани – Делчево, вреден 6,6
милиони евра.
-
Максимално сме фокусирани на сите овие проекти. Очекувам веднаш по завршувањето
на целата документација и останатите пропратни активности, следната година да
почнеме и со конкретните работи на терен, посочи министерот.
Владата,
истакна Мисајловски, и натаму останува посветена на изградба на
инфраструктурата поради што, како што рече, освен на трите автопати и
предвидените два нови проекта, паралелно работи на уште десет регионални
патишта.
Со премиерот Димитриев и министерот Мисајловски,
на увидот во градежните работи на автопатот Миладиновци – Штип беше и
градоначалникот Илчо Захариев.